Балотели сака во Јунајтед,  но ќе заврши во многу помал тим


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марио Балотели денеска изрази желба да потпише за Манчестер Јунајтед.

Газета дело Спорт денеска објави дека Бало побарал од менаџерот Мино Раиола да му заврши трансфер во Јунајтед, но од тоа нема да биде ништо и тој ќе заврши во многу помал клуб.

Преговорите со Раиола ги почна швајцарски Сиопн, што потврди и претседателот на овој клуб Кристијан Константин.

„Можам да ви потврдам дека почнавме преговори околу позајмица на Балотели. Уште сме во фаза на преговори, но не знаеме дали ќе успееме“, рече Константин.

Балотели во својот тим сакаат да го видат и тренерите на Палермо, Болоња и Киево, но до договор не дојде.