Готово е, Бентеке потпиша!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијан Бентеке и оваа сезона ќе го гледаме во Премиер Лигата, тој ќе го носи дресот на Кристал Палас.

На Бентеке, Палас ќе му биде трет клуб на островот, после Астон Вила и Ливерпул.

Официјалната потврда за овој трансфер пристигна утринава, кога на социјалните мрежи Кристал Палас објави фотографија од Бентеке во дресот на Палас.

Бентеке потпиша договор на 4 години, а сумата на трансферот не е објавена сеуште.