И Блекет го напушти Олд Трафорд – перманентно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со доаѓањето на големите ѕвезди во Манчестер Јунајтед, беше јасно дека на Олд Трафорд нема да има место за децата на клубот, посебно за тие кои во претходните сезони биле позајмувани на други клубови.

Во вторникот после Бортвик Џексон, кој е позајмен на Вулверхемптон, од Театарот на сонишатата замина Тајлер Блекет – и тоа парманентно.

Сега веќе поранешниот играч на Црвените Ѓаволи потпиша тригодишен договор со тимот од Чемпионшип, Реадинг.

Еден од многуте млади фудбалери на кои поранешниот менаџер Ван Гал пушти шанса, Блекет во минатата сезона играше на позајмица во Селтик.

Во Реадинг тренер ќе му биде легендарниот играч на неговиот поранешен клуб, Холанѓанецот Јап Стам.