„Немој да се нервираш, пенали повеќе нема да изведуваш“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Милан со победа над Торино на својот терен стартуваа во Серија А.

Иако Милан водеше со 3:1, Торино успеа да ја намали предноста на само еден гол заостанување.

Во 95 минута, кога веќе се беше готово, судијата досуди пенал за Биковите, а одговорноста ја превзеде напаѓачот Белоти кој не беше сигурен, поточно младиот чувар на мрежата на Росонерите Донарума одлично процени и го одбрани пеналот.

После истото, напаѓачот се обрати и самиот стратег:

„Немој да се нервираш, се случува. Само што тебе ова нема повеќе да ти се повтори, бидејќи никогаш повеќе нема да шутираш“, рече на напаѓачот, Синиша Михајловиќ.

Во второто коло, Торино на својот терен ја дочекува екипата на Болоња.