„Вистинскиот“ Роналдо повторно во Мадрид: Перез го наговори Ел Феномено на враќање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роналдо Луис Назарио де Лима ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Одличниот Бразилец настапуваше за ПСВ, Барселона, Интер, Реал и Милан, а и после завршувањето на многу успешната кариера ќе биде меѓу Кралевите.

Имено, после девет години отсуство ќе биде повторно на Сантијаго Бернабе и тоа сега во нешто подруга улога.

39-годишниот Бразилец, освен амбасадарот на клубот, ќе биде и личен советник на Флорентино Перез.

Со поставувањето на Зинедин Зидан за тренер на всушност претставува дел од планот на Перез во клубот повторно да го собере тимот кој го сочинуваа Галактикосите, но нормално со други функции.

Ел Феномено така ќе се врати како функционер во клубот во кој соевремено во 177 натпревари постигна 104 голови.