Еве како Балашевиќ ги мотивира кошаркарите пред дуелот со САД


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Србија веќе играат во финалето на ОИ во Рио против САД, а погледнете каква порака остави Џорџе Балашевиќ до тренерот Џорџевиќ и останатите.

„Драг мој господине Џорџевиќ…

Што повеќе сум стар, и што повеќе те следам мислам дека можам вака да те нарекувам? Господин Џорџевиќ.

И можеби најдобро е да ти честитам, да бидам побрз од критичарите, одлични сте на овие ОИ. Браво.

Така тоа оди пријателу, среќните веруваат во бајки, уште по среќните учествуваат во нив.

Американците можеби ќе дадат некој поен повеќе од вас, но добро знаеме дека победите не секогаш се читат на семафорот.

Момчињата што ги собра трчаа на под твојата долга „тројка„ од Истанбул, сакајќи да им се остварат соновите, и секоја ноќ размислуваме дека го решија тоа се и уште малко треба да поработат за остварување на најголемиот сон. Ти се молам пренеси им, ако успееш, пред финалето само пренеси им дека овде сме многу горди на сите вас, на секој еден.

Испрати ги, како што и сигурно планираше, да го одиграат тој баскет дуел со Американците меѓу зградите, тоа е сепак само игра..

А вие сте и олимписки шампион, за нас“