Историски резултат за Кал Крачло во Брно


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возачот на ЛЦР Хонда, Кал Крачло стигна до првата победа во МОТО ГП победувајќи на големата награда на Чешка во Брно.

Маркез стартуваше од првата позиција, но не успеа да го задржи на стартот. На лидерот во генералниот пласман му требаше малку време да се врати на лидерската позиција. Потоа возачите на Дукати ги презедоа првите три места, а Маркез беше надвор од топ 3. Роси во петиот круг беше надвор од топ 10. Италијанскиот возач го замени моторот порано и на крајот стигна до втората позиција. Маркез беше поминат од Роси како од брз воз, а потоа следуваше и Андреа Јаноне на кој му беа истрошени гумите и лесно ја препушти втората позиција на докторот. Три круга пред крајот Кал Крачло имаше огромна предност во однос на Роси и ја задржа до крај и славеше во Брно.

Алеиш Еспаргаро, Бредли Смит и Андреа Довицизо не ја завршија трката, а Хорхе Лоренцо имаше заостанување од 1 круг бидејќи два пати пред крајот на трката го промени моторот.