Бака даде три гола, но Донарума е јунак на Росонерите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Милан со победија ја отворија новата сезона во Серија А. На крилјата на Карлос Бака Росонерите на Сан Сиро го победија Торино со 3:2.

После неколку добри обиди Милан во предност стигна во 38 минута. Одличната топка на Абате во мрежата ја испраќа Бака за предност од 1:0.

Со овој резултат се отиде на одмор, а во 48 минута Торино стигна до израмнување, а за 1:1 се погрижи Белоти.

Радоста на гостите траеше две минути. Веќе во наредниот напад Бака одлично погоди за предност од 2:1. Додека хет-трик Колумбиецот стига во 62 минута.

Досуден  е пенал, а Бака е прецизен за водство од 3:1. Конечните 3:2 ги постави Басели во судиското продолжение на времето, а во четвртата минута од продолжението Донарума одбрани пенал на Белоти, и Милан славеше.