Данците ги нокаутираа Французите!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Олимпиското злато во ракометот го освои Данска. Момците кои полуфиналето после вистинска војна на паркетот и после продолженија славеа против Полска, имаа повеќе сила и концетрација.

Ја победија во големото финале Франција со 28:26. Да потсетиме дека Французите во полуфиналето водеа против Германците со пет разлика, а потоа дозволија ривалот да се врати во мечот. Одличниот Нарсис погоди за конечни 29:28.

Споменатите Германци во борбата за бронзениот медал успееја да се опорават од Полска, па дома се враќаат со медал. Германците славеа со 31:25 во меч кој беше решен веќе после првото полувреме кое Германците ги добија со 17:13.

Љубителите на ракометот гледаа одлично финале. Данците ги контролираа случувањата на теренот. Го добија првото полувреме со 16:14. На неколку минути пред крајот имаа предност од четири гола. Французините стигнаа до минус еден, но тоа беше се што можеа да направат во финалето. Славеше Данска.