Игуаин се обрати на навивачите на Наполи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин веќе во првиот лигашки натпревар во дресот на Јувентус постигна погодок и донесе на својот нов клуб победа над Фиорентина (2:1).

Напаѓачот е платен 90 милиони евра предизвика големо внимание кога се одлучи на доаѓање во Торино0, а навивачите на Наполи немаа милост кон него.

После победата над Фиорентина, Игуаин даде конкретна изјава во која кратко се наврати на нивната реакција и им испрати нова порака:

„Го разбирам нивното лутење. Им благодарам за целата поддршката во минатите три години и за се убаво што заедно преживеавме, но сега сум играч на Јувентус. Ова е мој нов почеток, а во Торино сум убаво дочекан и од првиот ден овде се чувствувам како дома“, рече Игуаин, кој се наврати и на самиот натпревар:

„Важно е дека победивме. Фиорентина е одличен тим и беше тешко, но едноставно го имаме тој победнички менталитет кој се гледа секој ден. Јуве мора да проба да освои сите натпреварувања во кои учествува“.