Бејл и Асенсио за победа на Реал на премиерата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Реал Сосиедад со 3:0, на стартот од новата сезона во Примера.

Мадриѓаните мечот во Сан Себастијан го решија веќе во првото полувреме, со погодоците на Герет Бејл и Марко Асенсио.

Точна лесниот триумф и одличен почеток на сезоната за кралскиот клуб стави Бејл, Велшанецот со втотиор гол во четвртата минута од судиското продолжение на времето.

Отсуството на Кристијано Роналдо во ниту еден момент не се почувстува, тимот на Зидан целосно доминираше и не дозволи на ривалот ниту еден шут во рамките на голот.

Реал во следното коло го дочекува тимот на Селта Виго, додека Сосиедад гостува кај локалниот ривал Осасуна.

Во првиот меч од денот Спортинг го изненади Атлетико Билба со 2:1 во Хихон, а првото коло од шпанската Примера ќе заврши со дуелот Атлетико Мадрид и Алавеш кој само што започна.