Бирса кобен за Интер, Наполи се извлече, Џенова на Пандев со победа стартуваше


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Седум натпревари од 1 коло на италијанската Серија А се одиграни вечерва, а лошо во новата сезона влезе екипата на Интер, која е поразена како гостин од Киево со 2:0.

Првиот погодок на овој меч е виден во 49 минута. Мрежата ја Интер ја погоди Валтер Бирса за предност од 1:0, а работата да ја заврши истиот играч за конечни 2:0 во 81 минута.

Пораз во Пескара спаси Наполи, кој на крајот одигра меч без победник (2:2). Домаќините имаа предност од 2:0, но работите се променија после влегувањето на Дрис Мертенс, кој со два гола донесе бод на екипата од Неапол.

Лацио славеше на гостувањето кај Аталанта со 4:3. Додека на останатите дуели постигнати се следните резултати:

Аталанта – Лацио 3:4, Болоња – Кротоне 1:0. Киево – Интер 2:0. Емполи – Сампдорија 0:1. Џенова – Каљари 3:1, Пандев играше до 62 минута кога беше заменет,  Палермо – Сасуоло 0:1 и Пескара – Наполи 2.2.