Болен крај за Рома во Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома вечерва со поразот од Порто на Олимпико (3:0) го заврши својот настап во ЛШ веќе во плеј-офот.

Првиот меч на овие два клупа во Португалија е завршен со реми 1:1, па Порто пласманот во групната фаза од најелитното клупско натпреварување во Европа избори победа со вкупни 4:1.

За Римјаните натпреварот од старт почна лошо, бидејќи Монтеиро веќе во 8 минута ги доведе гостите во предност од 1:0. Пола час подоцна, Рома остана со десетмина играчи во поле поради директниот црвен картон кој го заработи капитенот Даниеле Де Роси, кој грубо го фаулираше Макси Переира.

На почетокот на второто полувреме донесе нови главоболки за Лучиано Спалети. Неговиот тим во 50 минута доби втор црвен картон, а овој пат е исклучен Емерсон. Интересно. Бразилецот во игра влезе во 42 минута после првиот црвен картон.

Рома се трудеше, даваше се од себе со деветмина играчи на терен и едноставно не можеше да направи многу против многу силниот Порто.

Гостите до крајот успееја да постигнат уште два гола  и тоа преку Лајун во 73 и Корона во 75 минута и така стави точка и Порто оди во групната фаза од ЛШ, додека Рома својот европски пат ќе го продолжи во ЕЛ.

Селтик избори пласман во групната фаза и покрај поразот од Хапоел Бер Шева од 2:0, на домашен терен славеа со 5:2.

Лудогорец избори пласман во групната фаза, успееја да ги задржат 2:0 од првиот меч против Плзен, вториот меч заврши со 2:2.

Легија успеа да се пласира понатака и покрај домашното реми од 1:1, на гости славеа со 2:0.

Монако славеше уште една победа против Виљареал, овој пат со 1:0.