Мурињо довeдува уште едно засилување во Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После што Манчестер Јунајтед под водство на новиот менаџер, Жозе Мурињо, во овој преоден рок значително се засили со доведувањето на Ерик Бејли, Пол Погба, Хенрик Михтаријан и Златан Ибрахимовиќ, се чини д ека преодниот рок за клубот од Олд Трафорд сеуште не е готов.

Саутемптон во последната година е уништен од страна на Ливерпул, Арсенал и останатите англиски гиганти кои им ги украдоа најдобрите играчи, а токму Мурињо загриза за уште еден стандарден првотимец на Светците.

Англиските медиуми наведуваат дека Црвените ѓаволи опасно загризаа за португалскиот дефанзивец Хосе Фонте како дополнително засилување за одбранбената линија за тековната сезона и борба на четири фудбалски фронта.