Фокусирани сме на новиот почеток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на македонската репрезентација после објавувањето на списокот на повикани фудбалери за натпреварот против Албанија даде изјава за формата на екипа и очекувањата.

„На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И без разлика на силата на репрезентациите во групата верувам дека овие фудбалери се подготвени и имаат квалитет да го направат тоа.

Мислите ни се насочени кон натпреварот со Албанија, ме радува моменталната форма на повиканите играчи и се надевам дека во наредните денови ќе имаме мирни тренинзи, квалитетни подготвки и здрави фудбалери.

Влегуваме максимално ангажирани и ќе се обидеме сето тоа да го пренесеме на теренот со цел позитивно да влеземе во квалификациите за СП.

Жал ми е што Александар Трајковски поради повреда не е во можност да помогне на овој натпревар, но се надевам дека брзо ќе се опорави и ќе го имаме веќе во октомври.

Она што го најавував и претходно, дека поголем дел од играчите од составот до 21 година ќе бидат вклучени во најдобрата селекција, сеуште е мој ставм но пред нив се два клучни натпревари за пласман на Европско Првенство и се надевам дека ќе бидат успешни“, изјави селекторот Игор Ангеловски.