Сити рутински, Ростов за историја, Динамо по продолженија се пласира во групната фаза од ЛШ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити ја победи романска Стеауа со 1:0 во реванш натпреварот од квалификациите за ЛШ.

Тимот на Пеп Гвардиола ја заврши работата веќе во првиот меч кога славеше со 5:0, па шпанскиот стручнак вечерва на теренот извее нешто изменет состав.

Сепак, и таквиот состав беше предобар, и Сити славеше победа, а до водство стигнаа во 56 минута кога противничката мрежа ја затресе Фабиан Делф.

Имаше уште шанси, поготово пред голот на гостите. Меѓутоа, резултатот не се менуваше, па Граѓаните со вкупни 6:0 одат во групната фаза. И понатака оди Копенхаген. Данскиот тим ремизираше со 1:1 во Никозија против Апоел, и ја помина групната фаза од натпреварувањето.
Борусија од Мехенгладбах се пласира во групната фаза од ЛШ. Германскиот тим вечерва го совлада швајцарски Јанг Бојс со 6:1, и со вкупни 9:2 заминува во друштвото на најдобрите европски тимови.

Сите дилеми околу победникот на овој дуел се решени во првото полувреме, кога домаќините постигнаа три гола. Поведоа после девет минута со голот на Азар, а потоа работата ја заврши Рафаел со погодоците во 33 и 40 минута за убедливи 3:0. Нов гол во мрежата на гостите е виден во 64 минута, а повторно погоди Азар за големи 4:0. Петтиот гол во мрежата е виден во 77 минута, а на 5:0 со трет погодок погоди Рафаел, а на 5:1 намали Равет две минути подоцна. Конечните 6:1, ги постави Азар, па тој и Рафаел ги демолираа Швајцарвите во овој меч.

Рускиот Ростов ќе игра во групната фаза на ЛШ. Овој тим вечерва во реваншот го победи големиот Ајакс со 4:1 и заминува по прв пат меѓу најдобрите екипи во Европа.

Имаше Ростов одлични 1:1 од првиот меч, но вечерва потврдија дека се моментално подобар тим од холандскиот гигант.

Поведоа во 34 минута од мечот. За водство се погрижи најдобриот стрелец на овој тим Азмун, а со минимални 1:0 се отиде на одмор.

После седум минути игра во продолжението беше 2:0.

Овој пат погоди Ерохин, па Ростов ја заврши работата во овој меч. Целосен распат Ајакс доживеа осум минути подоцна кога Нобоа го зголеми резултатот на 3:0, а во 66 минута Полоз на неверојатни 4:0. Конечните 4:1 ги постави Класен од пенал.

Динамо од Загреб после 1:1 во Загреб, беше пред тежок испит, бидејќи требаше да постигне барем еден гол ако сака да се надева на пласман во ЛШ.

Салзбург поведе преку Лозано во 22 минута од мечот, и со тој резултат се отиде на одмор.

Кога сите очекуваа дека Салзбург ќе дојде до победа и пласман во ЛШ, Димамо преку Фернандез израмни на 1:1 во 87 минута. После се отиде во дополнителни 2 по 15 минути, а Димамо во 95 минута дојде до победоносен гол преку Соудани.

Утре во 18:00 часот е ждребката за групната фаза од ЛШ.