Федерер во полуфиналето во Хале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Час и 22 минути му требаше на Роџер Федерер да го совлада Давид Гофан и да се пласира во полуфиналето на АТП во Хале.

Швајцарскиот тенисер славеше денес победа против Белгиецот во два сета, 6:1 7:6.

Првиот сет третиот тенисер во светот го реши во своја корист за 21 минута.

Во вториот тенисерите разменија по 2 брејка, па натпреварот се одлучи во тај брејкот. Гофан пропушти четири сет топки, тоа Федерер искусно го казни и победи со 12:10.

Федерер ќе игра во полуфинале против Александар Зверев кој беше подобар од Маркос Багдатис.