Хамилтон казнет за трката во Белгија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедез, Луис Хамилтон на трката во Белгија ќе стартува од последните редови, бидејќи ФИА ќе го казни најмалку 10 места полоша позиција од таа што ќе ја избори во квалификациите.

Причина за тоа е бидејќи променил повеќе делови на моторот одколку што е дозволено.

„Свесен сум дека ќе бидеме казнети. Останав без мотор. До казната моравме да дојдеме, порано или подоцна. Ќе направам се на трката за да ја намалам штетата“ – изјави Луис Хамилтон

Трката за големата награда на Белгија на програмата е во недела од 14:00 часот.