Баерн со „шетска“ го испрати Вердер од Алијанц Арена


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн вечерва на домашен терен остварија голема висока победа против Вердер од Бремен од 6:0 на отворањето на Бундеслигата.

Дека ова нема да биде добра ноќ за гостите од Бремен наговести со фантастичен гол Чаби Алонсо во 9 минута. Веќе четири минути подоцна беше 2:0, а стрелец после асистенција на Рибери беше Левандовски.

Со тој резултат и заврши првото полувреме. Продолжението на мечот донесе уште четири гола во мрежата на гостите.

Прво Левандовски го постигна вториот гол во првата минута од второто полувреме, а во 66 минута Лам погоди за 4:0. Само седум минути после тоа во стрелците се запиша и Французинот Франк Рибери после асистенција на Милер, а три минути после тоа Левандовски од пенал ги постави конечните 6:0.

Засилувањата на Баерн за оваа сезона Ренато Санчез го преседе мечот на клупата, додека Матс Хумелс го одигра целиот меч.