Европски шампион е верен на Светците


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Саутемптон вчера заврши голема работа со потпишувањето на нов договор со португалскиот репрезентативец.

Седрик Соареш потпиша нов, четиригодишен договор со Саутемптон.

Сотон во минатото лето го доведе од лисабонски Спортинг, а многу брзо стигна во стартниот состав на позиција десен бек.

Во минатата сезона запиша 24 настапи во Премиер лигата, 27 во сите натпреварувања, што беше доволна добра препорака за селекторот на Португалија Фернандо Сантош да го поведе на ЕП во Франција.

Како што знаете, Португалците во ова лето се закитија со првата титула шампион на стариот континент во својата историја, а улогата на Седрик во походот на тронот беше огромна.

Интересно, во групната фаза, каде што Португалија се мачеше, Седрик беше резерва, Сантош го фрли во оган од старт во 1/8 финалето на мечот против Хрватска, а тој потег се покажа како полн погодок, а првотимецот на Саутемптон од тогаш на себе си зациментира место во стартниот состав на местото десен бек до крајот на шампионатот.