Харт е спремен на помала плата, само да премине во ривалски клуб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голманот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија Џо Харт ќе ги напушти редовите на Граѓаните до крајот на преодниот рок.

За услугите на Харт се интересираат бројни екипи, а се чини дека тој најмногу сака да премине во големиот ривал од Премиер лигата, Ливерпул.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, Харт дури е спремен на намалување на платата со цел до 31 август да заврши во екипата на Ливерпул.

Овој голман моментално има плата од 150 000 фунти неделно во Сити и сигурно дека не му е лесно да се откаже, но желбата за играње на место седење на клупа очигледно пресуди.

Освен Ливерпул се зборува дека може да заврши и во Севиља.