Несторовски и Ибраими – Нов почеток, нови предизвици


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија денес ги започна подготовките за првиот натпревар во квалификацскиот натпревар за СП 2018-та година против Албанија.

На првиот тренинг не беа Горан Пандев и Столе Димитриевски, а Агим Ибраими поради повреда ќе го пропушти натпреварот против Албанија во Скадар.

Илија Несторовски и Бесарт Ибраими се надеваат дека на тренинзите секој ќе даде се од себе и спремни ќе бидат за Албанија.

„Верувам дека секој играч кој е овде може да ги исполни замислите и очекувањата на селекторот. Вербата во нашите квалитети е она што не мотивира и навистина се надевам дека на најдобар начин ќе ги одработиме подготовките и ќе бидеме подготвени за пресметката во Скадар. Тимскиот дух е секогаш важен и се надевам дека ќе биде наша предност на натпреварите. Јасно е дека ќе биде тежок натпреварот против Албанија, но треба да бидеме концентрирани на нашиот пристап и игра“, изјави напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски.

„Нов почеток, нови квалификации, нов предизвик. Мораме да ги почитуваме замислите на селекторот за да постигнеме позитивен резултат. Наша цел е да бележиме подобри игри и резултати во квалификациите и се надевам дека ќе успееме во тоа. Позитивни сме, атмосферата е одлична и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво како на тренинзите, така и на натпреварот“, изјави Ибраими.