ЛШ за млади – Вардар го доби Салцбург за противник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар го доби противникот во ЛШ за млади.

Тоа е австирскиот Салцбург кој минатата сезона со тимот до 19 години го освои младинското првенство во Австрија.

Црвено-црните првиот натпревар ќе го одиграат на 27 или 28 септември на гости, а реваншот на домашен терен ќе се одигра на 18 или 19 октомври.

Ова беше ждрепка за 1/16 финале, а Вардар треба да помине две фази за да влезе во плеј-офот.

Ако го поминат Салцбург, младиот тим на Вардар ќе игра против Динамо Тбилиси или Каират Алмати.