Андон Дончевски на тренингот на репрезентацијата – Верувам во вас и очекувам да победите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски денес беше присутен на тренингот на репрезентација пред натпреварот против Албанија.

Легендарниот тренер на репрезентацијата на Македонија и Вардар им посака среќа и успех на нашите фудбалери. Поддршка исто така даде и Агим Ибраими кој поради повреда ќе го пропушти натпреварот во Скадар.

„Момци, пред 20 години ја победивме Албанија со 5:1, верувам дека можете и вие да дојдете до добар резултат во Скадар. Верувам во вас и очекувам да ја израдувате фудбалска  Македонија со еден позитивен резултат“, изјави Дончевски.

Пред натпреварот и репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски даде изјава.

„Албанија е фаворит, оваа генерација на нашиот прв противник е веројатно најсилна во нивната историја, но тоа не значи одиме без шанса, напротив. Мислам дека добро ќе се подготвиме и на тактички и на психолошки план и ќе одиграме квалитетен натпревар. Ова е нов почеток за двете селекции, се е можно“, изјави Тричковски.