Хаберкорн, Менендез и Парињо претставени во Шкендија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прволигашот Шкендија во последниот ден од преодниот рок доведе тројца Аргентинци и сите играат на различни позиции.

Првиот е дефанзивец, Елијан Франко Парињо, 27-годишен дефанзивец, вториот е лев бек Гонзало Езекил Менендез кој има 22 години, а третиот е напаѓач, Федерико Хаберкорн кој има 22 години. Парињо и Менендез потпишаа 2-годишни договори со Шкендија, а Хаберкорн потпиша 1-годишен договор со можност за продолжување на уште една година.

„Среќен сум што дојдов тука. Се сретнав со соиграчите. Првиот впечаток е фантастичен, ова е тим кој ќе се бори за титули. Среќен сум што ќе бидам тука“, изјави Парињо.

„Навистина сум многу среќен за ова искуство и оваа можност. Со соиграчите кои што заедно дојдовме од Аргентина ќе се обидеме да постигнеме нешто значајно. Му благодарам на клубот. Ние очекуваме да го направиме она што го сака клубот“, изјави Менендез.

„Имавме добар пречек во клубот, тоа е голем тим. Соиграчите од Аргентина кажаа дека дојдовме да оставиме светла точка. Не можам да дочекам да излезам со дресот на Шкендија на теренот и ќе се обидеме да постигнеме многу цели кои ќе ги бара клубот“, изјави Хаберкорн.