Победа се засили со тројца фудбалери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Прволигашот Победа во последниот ден од преодниот рок доведе три засилувања.

Првиот е поранешниот фудбалер на Тетекс, Цементарница и Напредок, Филип Најдовски кој може да игра како лев бек и во средниот ред.

Вториот е младинскиот репрезентативец, 21-годишниот Бурхан Мустафов кој стигна од Пелистер. Мустафов е еден од најталентираните фудбалери во државата и ќе му биде од голема корист на прилепчани во борбата за опстанок.

Последното, трето засилување кое Победа вчера го доведе е Бојан Спиркоски кој има 21 години, а по играњето во 11 Октомври се пресели во Чешка каде играше за младиот тим на Јихлава.