Еве како Спарси ќе изгледаат после летниот преоден рок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стигнаа пет засилувања, имаше и заминувања, Спарси делуваат поопасни отколку некогаш.

Тотенхем во минатата сезона водеше голема борба со Лестер околу титулата во Премиер лигата, но се слизнаа против Челси пред самиот крај на шампионатот и трофејот отиде на „Кинг Пауер“.

Најголемо изненадување во минатата сезона секако е споменатиот Лестер, но никој не очекуваше дека Пеачите можат така добро да играат речиси до самиот крај на шампионатот и да бидат еден од најдобрите тимови во лигата.

На крајот завршија како трети, бидејќи ремито со Сините и загубата на титулата ги обесхрабри па Њукасл ги „прегази“ со 5:1, а Арсенал со серија на добри резултати успеа да стигна до пизиција два.

Сега делуваат далеку подобро, деведоа засилувања со кои и во Лигата на шампионите ќе бидат повеќе од респектабилни, а во најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент се наоѓа во група Е со ЦСКА од Москва, Баер Леверкузен и француски Монако.

Делува дека со новите засилување,  можат и во нокаут фазата на ЛШ, иако се наоѓа во прилично изненадувачка група.

Значи, стигна Виктор Ванјама (Саутемптон),  кој е веќе во стартните 11, а даде и гол во одлучувачкиот меч со Палас нема сомнеж дека со доведувањето на Кениецот направија полн погодок.

После него ангажиран е и Винсент Јансен (АЗ Алкмар), Холанѓанецот сеуште се адаптира на „островскиот“ фудбал, но ако по утрото се познава денот и тој треба да биде одлична аквизација.

Кејн конечно доби вистинска конкуренција за стартните 11, Спарси несомнено имаат посилен напад отколку во минатата сезона.

После двомесечна сага стигна и талентираниот Жорж Кевин Нкуду (Олимпик Марсеј), тој доаѓа да конкурира за местото по десно крило со Ерик Ламела.

За позиција трет чувар на мрежата е доведен 21-годишен Шпанец Пау Лопез од Еспањол, и на голот се добро покриени и покрај повредата на Уго Лорис.

Последното засилување, можеби и најголемото, пристина во четвртокот, во „минута до 12“ од редовите на Њукасл.

Во прашање е Муса Сисоко, кој важеше во текот на целото лето за голема желба на Реал Мадрид и Јувентус.

Сепак, „Кралскиот“ клуб и „Старата дама“ се откажаа, во „трката“ се вклучи и Евертон, но во последен Муса избра  и го избра Вајт Харт Лејн пред Гудисон.

Тој по вокација е централен играч за врска, но е исклучително снаодлив и по потреба може да игра и на позиција дефанзивен и офанзивен играч за врска, како и на десно крило.

Тимот го напушти Набил Бенталеб (Шалке), Клинтон Муа Нжије (Олимпик Марсеј), Насе Чадли (ВБА), Рајан Мејсон (Хал Сити), Алекс Причард (Норвич), ДеАндре Једин (Њукасл) и Федерико Фацио (Рома).

Значи, кога се ќе се собере и одземе, вака Спарси може да изгледаат во сезоната пред нас.