Сисоко: Смешно е тоа дека сум сакал да преминам во Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите на островот пишуваа дека Сисоко е договорен со екипата на Евертон но на крајот од трансфер периодот тој потпиша за Тотенхем.

Го сметаат за лажач, но доколко го прашате Сисоко, тој ќе ви каже сосема друга приказна.

„Никогаш не планирав да отидам во Евертон. Смешно е тоа. Седам пред телевизор и гледам како луѓето од Евертон зборуваат дека се е договорено и го чекаат мојот потпис, а јас тогаш бев во Лондон и се договарав со Тотенхем“ – изјави Сисоко додавајќи:

„Знаев дека Тотенхем сака да ме ангажира. Му верував на својот агент, заврши добра работа. Очекувам добра сезона и едвај чекам да започне ЛШ“