„Знам што им смета и зошто ме критикуваат“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси и репрезентацијата на Шпанија Диего Коста даде интересна изјава после натпреварот во кој Црвената Фурија ја совлада Белгија со 2:0.

Коста не беше стрелец, па после натпреварот се најде на удар на поедини шпански медиуми, кои се склони на критикување на овој напаѓач.

„Знам дека шпанските медиуми ме критикуваат. Не им се допаѓа тоа што не сум роден Шпанец или што не играм за Реал Мадрид или Барселона“, започна Коста, и продолжи:

„Но, мислам дека имам добро име, веројатно најдобро за Шпанија. Ме критикуваат поради карактерот, па заборавија дека имам и квалитети. Во секој случај, нема да се менувам. Знам дека некогаш не сум во право, но околу себе имам доволно луѓе кои тоа можат тоа да ми го речат во лице. Не треба медиумите да ми зборуваат за тоа“.

Диего Коста порача и тоа дека смета дека моментално тој е вистинско решение за репрезентацијата и дека натпреварот против Белгија го смета за еден од најдобрите во последно време.