Луис Хамилтон на пол позиција во Монца


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Луис Хамилтон е победник во квалификациите на ГН Италија на патеката Монца.

Британецот постави најбрзо време во Италија и на утрешната трка ќе стартува од пол позиција. Клупскиот колега, Нико Розберг ќе стартува од втората позиција. Фетел и Раиконен ќе стартуваат од трета и четврта позиција. Од петата позиција ќе стартува возачот на Вилијамс, Ботас. Возачите на Ред Бул, Рикиардо и Ферстапен ќе стартуваат од шестат и седмата позиција. На осмото и деветото место завршија Перез и Хулкенберг, а најслабо време во последниот дел од квалификации постави Гутиерез кој ќе стартува од 10-та позиција.

Во вториот дел од квалификациите испаднаа Маса, Грожан, Алонсо, Верлејн, Батон и Сајнц. Потоа следуваат Квјат, Наср, Ериксон, Палмер, Магнусен и Окон кои испаднаа во првиот дел од квалификациите.

Трката стартува утре од 14:00.