Лазаров го освои 51 трофеј во кариерата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кирил Лазаров со 6 гола ја предводеше Барселона до нова висока победа и нов трофеј на Барселона во ASOBAL Суперкупот. Нашиот капитен го освои 51 трофеј во кариерата, негов шести Суперкуп откако дојде во Шпанија. Четврта сезона по ред на Лазаров му почнува со освоен Суперкуп трофеј.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)

Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 3 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 3 со Барселона) (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
4 пати (1 со Атлетико Мадрид и 3 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 4 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (со Барселона)