Енди Мареј на чекор од одбрана на титулата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Енди Мареј го совлада Марин Чилиќ во полуфиналето на АТП турнирот во Лондон.

Мареј славеше со 2:1 во сетови и направи уште еден чекор кон одбрана на титулата во Лондон.

Во првите два гема тенисерите беа сигурни на свој сервис, а во третиот Мареј искористи брејк топка и стигна до предност од 2:1. Хрватот можеше веднаш да израмни, но прокоцка четири брејк шанси. Мареј се извлече од незгодната ситуација, а во 9-тиот гем уште еднаш направи брејк и го доби првиот сет со 6:3.

Израмнета борба се водеше во вториот сет се до резултат 3:3, а хрватскиот тенисер за прв пат во натпреварот му направи брејк на Мареј и стигна до израмнување во сетови.

Вториот тенисер во светот покажа повеќе во одлучувачкиот сет. Мареј стигна до водство од 3:0 и му беше доволно за победа, на крајот 6:3.

Мареј во финалето ќе игра со подобриот од натпреварот  Раониќ – Томиќ