„Бод во дербито не доаѓа во предвид“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Играчот за врска на Манчестер Сити Давид Силва тврди дека нема да биде задоволен со бод во дербито против Манчестер Jунајтед кое се игра во четвртото коло од англиската Премиер лига.

Веќе во раниот дел од сезоната ќе се игра дербито на градот Манчестер, а копјата повторно ќе ги вкрстат Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Еден од најдобрите фудбалери на Граѓаните Давид Силва рече дека тој ни неговите соиграчи нема да бидат задоволни со реми.

„Ја почнавме сезоната одлично и мислам дека ќе одиграме добро дерби, но нема да играме за бод“, рече Шпанецот и додаде:

„Ќе играме на победа. Во последните неколку сезони на Олд Трафорд играме добро, знаеме дека ривалот е тежок, но со реми нема да се задоволиме“, заклучи Силва.

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити забележаа три победи во три натпревари во новата сезона во Премиер лигата.