Инфантино тргна во реализација на проектот: Од 2026 година 40 учесници на Светско првенство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот претседател на ФИФА Џани Инфантино пополека ги започнува реформите кои ги наведуваше при истакнувањето на кандидатурата во изборот за претседател на ФИФА.

Да потсетиме, Инфантино најави дека негова прва задача на позицијата претседатело на светската фудбалска федерација ќе биде зголемување на бројот на учесници на СП во 2026 на дури 40. Одма после што е избран, Швајцарецот тргна во спроведување на својот предлог.

„Промена на идејата ќе биде тема на дискусија. Лично, мислам дека не треба да постои лимит за доброто на фудбалот. Ќе видиме уште, се е отворено, а моето мислење околу 40 селекции сеуште не се промени. Видов на шампионатот на Европа во Франција каков ендузијазам донесоа многу земји“, рече Инфантино во пресрет на состанокот на ФИФА советот во октомври.

Сеуште не е познато каде ќе се игра СП во 2026 година, поради тоа наредните две ќе се играат во Русија и Катар.