Рајн Некар Ловен го торпедира новиот бундеслигаш, Манасков без погодок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Рајн Некар Ловен запишаа голема победа од 19:31 на гости кај новиот бундеслигаш, Кобург.

Гостите беа фаворити на овој натпревар и уште од стартот ја потврдија доминацијата.

На полувреме, Рајн Некар имаше предност од 5 погодоци, 10:15 за во вториот дел да ја зголеми предноста и да слави со 12 погодоци, 19:31. Кобург беше немоќен на домашен терен, но најефикасниот ракометар на теренот беше од нивниот тим, Кирвелиавичиус со 8 погодоци. Сигурдсон беше најефикасен кај гостите со 7 погодоци, Шмид постигна 6, а Грецки 5 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков на овој натпревар не постигна погодок, а имаше само 1 шут на голот на Кобург кој беше непрецизен.