Рибери: Можеби ќе си заминам за неколку месеци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Франк Рибери изјави дека сака да остане во Баерн.

Рибери во Баерн е од 2007 година, а договорот му истекува оваа година и дали ќе му биде понуден нов сеуште не е познато.

„Можеби во Баерн сум уште неколку месеци. Во добра форма сум и се надевам на договор“ – вели Рибери

Рибери од кога го носи дресот на Баерн освои 18 трофеи, а ја сака титулата во ЛШ и оваа година.

„Доколку би ми дале да бирам помеѓу титула од Бундеслигата и ЛШ би ја одбрал втората. Има голема вредност, иако у Бундеслигата е одлична. Сепак сакаме да освоиме се“ изјави Рибери