Тотенхем го руши рекордот на англиските тимови во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем после неколку години отсуство оваа сезона се врати пак во најелитното европско натпреварување.

Поради реконструкцијата на Вајт Харт Лејн, Тотенхем домашните натпревари ќе ги игра на Вембли кој би требало да биде полн на првиот дуел против Монако следната седмица.

Од Англија ни е соопштено дека се продадени 80.000 влезници и дека овој натпревар долго ќе се памети.

Тотенхем со тоа го руши рекордот кога во прашање е гледаност на еден натпревар во ЛШ на англиски тим. До сега рекордот го држи Арсенал кој во 1998/99 имаше 70 илјади продадени влезници.

Интересно е што и Арснеал во истата таа сезона домашните натпревари ги играше токму на Вембли.