Едер се кае што постигна гол во финалето на ЕП?

September 10th, 2016 | by Dare Smilanov
Едер се кае што постигна гол во финалето на ЕП?
Европско првенство
0

Португалскиот фудбалер Едер изјави дека наводно се кае бидејќи постигнал гол за титула во финалето на ЕП во Франција. Причина за тоа е бидејќи бил исвиркуван на неколку стадиони во Франција додека играл натпревари од Лига 1.

Едер на ЕП во Франција ова лето им ја донесе првата европска круна на Португалците со гол во продолженијата.

„Малку ми е жал што баш јас бев тој кој постигна гол против Франција, бидејќи таму имам многу пријатели и играм во француската лига. Направив се за мојата татковина и не верував дека тој гол ќе предизвика протести. Се надевам ситуацијата ќе се смири“ – изјави Едер

Лил ова лето од Свонси го купи Едер, но на три натпревари, Едер сеуште ја нема затресено противничката мрежа.

Comments are closed.