Работнички се врати на победнички патеки – Романтичарите убедливи против Силекс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во единствениот натпревар во првата македонска фудбалска лига, фудбалерите на Работнички славеа убедливо на домашен терен против Силекс со 3:1.

Скопскиот клуб со погодок на Елмас во 15-та минута стигнаа до водство. Во второто полувреме Маркоски по втор пат ги израдува домашните навивачи во 64-та минута. Десет минути подоцна Дурански го постигна третиот погодок за романтичарите. Недељковиќ со погодокот во 87-ма минута ги постави конечните 3:1.

Работнички после денешната победа на домашен терен се враќа на лидерската позиција, а Силекс останува на четвртата позиција.