Академија Пандев и Новаци ги уништија противниците, Скопје само бод против Турново


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во втората македонска фудбалска лига се одиграа пет натпревари.

Академија Пандев го уништи Тетекс со 5:1. Новаци исто така пукна петарда, жртвата беше Велазерими, 5:0.

Вардар Неготино беше поразен на домашен терен од Металург со 1:2, а Љубанци го совлада Еуромилк со 2:1.

Единствениот натпревар кој заврши нерешено се одигра во Автокоманда каде Скопје и Хоризонт Турново одиграа 1:1.

По денешната победа Академија Пандев е нов лидер во ВМФЛ.