Рома и покрај невремето ја совлада Сампдорија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дуелот Рома – Сампдорија беше прекинат поради невреме, но подоцна играчите се вратија да доиграат.

Рома поведе брзо, уште во 8мата минута со гол на Салах а асистенција на Пероти, но само после 10 минути израмнувањето стигна кога Реџини му асистираше на Муриел за 1:1. Дури Сампдорија дојде и до водство пред крајот на регуларниот дел со гол на Кваљарела во 41вата минута. 1:2 беше и резултатот кога се прекина дуелот.

Во 61вата минута, Един Џеко го постигнува својот втор погодок во Серија А оваа сезона за изедначување на 2:2 и уште поинтересна игра на Олимпико во Рим. Победата дојде кога Тоти во судиското надополнување од белата точка беше прецизен за трите бода да отпатуваат во Рим.