Падна уште една жртва во Јане Сандански – Вардар остана непоразен во СЕХА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во Јане Сандански славеа со 32:31 против хрватскиот клуб Загреб во натпревар од СЕХА лигата.

На стартот доминацијата ја потврди Вардар со серија од 2 погодоци. Следуваа по неколку серии на двете страни, а македонскиот клуб го доби првото полувреме со 3 погодоци, 19:16. Почетокот на вториот дел донесе враќање на Загреб во натпреварот. Пред последните 10 минути Вардарци со две серии по два погодоци ја вратија предноста од 3 погодоци. Во последните 10 минути од натпреварот ракометарите на Вардар имаа предност од 2 погодоци, 28:26. Ракометарите на Вардар на крајот славеа со 32:31.

Душебаев беше најефикасен кај Вардар со 8 погодоци, а Дибиров додаде 7. Мандалиниќ со 9 погодоци најмногу се истакна во Загреб.

После денешниот натпревар, Вардар останува непоразен во СЕХА лигата, сега има биланс 3 победи и 1 реми. За Загреб ова е прв пораз оваа сезона.