Хет-трик на Меси и седум парчиња за Селтик, Баерн си поигра со Ростов, Санчез го спаси Арсенал од пораз, Атлетико и Наполи минимално


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одиграа седум натпревари од првото коло од ЛШ.

Фудбалерите на Барселона лесно го совладаа Селтик на Камп Ноу со 7:0. Уште во трета минута Барселона имаше водство, а стрелец беше Лионел Меси. По 25 минути игра Марк Андре Тер Штеген направи прекршок во казнениот простор, а Муса Дембеле ја зеде топката и беше непрецизен. Казната за непогодениот пенал стигна веднаш и тоа од ѕвездата на Барселона, Лионел Меси. До крајот на полувреме фудбалерите на Барселона имаа уште неколку шанси за погодок, но резултатот не се промени. Вториот дел повторно доминација на домашните фудбалери, а Нејмар од слободен удар постигна фантастичен погодок за 3:0. Неколку минути подоцна Андрес Иниеста го постигна четвртиот погодок за Барселона. Следната акција нов погодок во мрежата на Селтик, Лионел Меси постигна хет-трик. Пред петнаесетина минути пред крајот на натпреварот Луис Суарез по шести пат ја затресе мрежата на гостите. Конечните 7:0 ги постави Лиус Суарез во 88-ма минута.

Во Швајцарија на Ст.Јакоб фудбалерите на Базел се спасија од пораз на домашен терен од бугарскиот Лудогорец. Во 45-та минута Кафу погоди за водство на гостите од Бугарија. Водството на Лудогорец траеше се до 79-та минута кога Ренато Штефен погоди за израмнување и ги постави конечните 1:1.

На Алијанц Арена видовме лесна победа на фудбалерите на Баерн Минхен од 4:0 против Ростов. После половина час игра Александру Гатчан направи прекршок во казнениот простор, а Роберт Левандовски го казни тоа со погодок. На неколку секунди пред крајот на првото полувреме Томас Милер зголеми на 2:0. Во второто полувреме продолжи доминацијата на германците. 53-та минута и нов погодок на Алијанц Арена, стрелец Џошуа Кимих. Истиот фудбалер во 60-та минута ги постави конечните 4:0. Фудбалерите на Баерн Минхен имаа уште шанси за погодок, но гостите од Русија некако се спасија од брука.

Бешикташ во последна минута се спаси од пораз Португалија против Бенфика, 1:1. Во 12-та минута беше постигнат погодок, а стрелец Франко Емануел Черви после одбиена топка. Гуедеш и Хорта се заканија до крајот на полувремето, но голманот на турците не дозволи да го прими вториот погодок. Вториот дел донесе уште еден погодок кој беше виден во 93-та минута, а стрелец беше Талиска за конечни 1:1.

Фудбалерите на Наполи ја запишаа првата победа во ЛШ оваа сезона и тоа на гости кај Динамо Киев кој го совладаа со 1:2. Се започна добро за домашните фудбалери, уште во првата минута Сидорчук имаше шанса, но Пепе Реина беше на вистинското место. Гармаш во 26-та минута ја затресе мрежата на Реина и ги израдува домашните навивачи. Потоа настапи на сцена Аркадиуш Милик кој со два погодоци до крајот на полувремето со глава направи превсрт, 1:2. Мертенс во второто полувреме ја погоди стативата. Фудбалерите на Динамо останаа без Сидорчук кој доби втор жолт картон, но резултатот остана непроменет.

ПСЖ и Арсенал ги поделија бодовите, 1:1. Уште во прва минута Едисон Кавани му донесе водство на ПСЖ. Во второто полувреме продолжија со нападот, но безуспешно. Во 78-ма минута Алексис Санчез по шутот на Ивоби се најде на вистинското место и погоди за конечни 1:1. Арсенал и ПСЖ во 94-та минута останаа со фудбалер помалку, Оливие Жиру кој доби втор жолт картон и Марко Верати кој исто така доби втор жолт картон.

Атлетико Мадрид славеше минимално на гостувањето кај ПСВ, 0:1. Во првото полувреме го видовме погодок кој беше дело на Саул Нигез во 43-та минута. Пред самиот крај на првото полувреме Хименез направи прекршок во казнениот простор, а тоа не успеа да го казни Гвадрадо кој беше непрецизен од белата точка. ПСВ пред крајот на натпреварот имаше шанса за погодок, но Јан Облак не го дозволи тоа и резултатот остана 0:1.