УЕФА дали спиеш мирно? Легија Варшава се врати!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легија Варшава се врати во ЛШ, прв натпревар против германски Дортмунд, но тоа го одбележија полските навивачи.

Последен пат пред точно 21 година, Легија Варшава играше ЛШ. После цели 2 децении тимот од главниот град на Полска се враќа во најелитното натпреварување.

Навивачите на овој Полски гигант се познати дека ги прават едни од најдобрите кореографии во светот во последните години, а и вечерва не извисија. Најчесто ја напаѓаат УЕФА, превземаа секакви мерки против нив, ги казнуваа, но ништо, тоа не помогна. Вечерва повторно поздравија.

Во минатото нападите кон УЕФА беа директни, но вечерва од Легија направија кореографија со нивното име како во УЕФА ждребовите. А одоздола пишуваше „Погодете кој се врати„ . А потоа оган над Варшава!