Роналдо ја покажа својата мајсторија па тогаш и љубовта кон Спортинг!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во 89 минута постигна израмнувачки погодок за Реал Мадрид против својот матичен клуб од Лисабон, и очекувано, не се радуваше.

Спортинг успеа да парира на Мадриѓаните до последните пет минути кога Роналдо и Мората донесоа пресврт.

Покрај очекувањата, но тешка победа на Реал, во центарот на вниманието беше гестот на Роналдо кој после голот погледна кон трибините на гостинските навивачи и покажа гест на извинување и почит кон поранешниот клуб.

Да потсетиме, тој соевремено како играч на Манчестер Јунајтед на навивачите на Бенфика покажа среден прст, што истотака беше начин за тогаш да покаже колку го сака Спортинг и тоа не сака да го сокрие.