„Вечерва игравме без страв“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Лестер Сити Џејми Варди е задоволен од премиерата на својот тим во Лигата на шампионите.

Лисиците вечерва во првото коло од Лигата на шампионите во гости го совладаа Клуб Бриж со резултат 3:0, а популарниот Варди беше задоволен со совршениот старт на европското патување на Лестер.

„Беше ова совршен старт. Покажавме што можеме.  Ја игравме без страв нашата игра и со неа рековме се што имаме“, изјави Варди по натпреварот.

Актуелниот шампион на Англија се наоѓа на првото место во групата Г со оглед на тоа дека Порто и Копенхаген одиграа 1:1.