ЛЕ – Мурињо направи ОСУМ измени во однос на дербито со Сити! (Состави)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мурињо ги измеша картите во Ротердам.

Од 19 часот се играат 12 нартпревари од првото коло на Лига Европа, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Фејенорд и Манчестер Јунајтед.

Менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо се одлучи да направи дури осум измени во стартниот состав во однос на градското дерби со Манчестер Сити.

Од играчите кои го почнаа тој меч, и денеска во стартниот состав се Де Геа, Бејли и Погба, додека наместо Валенсија, Блинд, Шо, Фелаини, Лингард, Руни, Михтаријан и Ибрахимовиќ сега ќе заиграат – Дармијан, Смолинг, Рохо, Шнајдерлинг, Ерера, Мата, Марсијал и Рашфорд.

Треба да се истакне дека Пол Погба денеска ќе игра поофанзивно, поточно позади Маркус Рашфорд, додека тандем во средниот ред ќе бидат Ерера и Шнајдерлин.