Мурињо: Судиските грешки не се под моја контрола


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед вчера на големо изненадување беше поразен од Вотфорд со 3:1.

    Тимот на Мурињо е во резултатска криза. Три порази по ред во сите натпреварувања, а Мурињо е свесен дека неговите играчи се далеку од очекуваната форма.

    „Свесен сум дека врз поединци се врши голем притисок. Сезоната ја почнавме добро, но секако тогаш не мислев дека сме спремни и непобедливи. Имаме играчи кои не се „формирани производи“. Не се сите секогаш одлични“ – вели Мурињо.

    А за поразот, повторно кај судиите.

    „Судиските грешки во клучни моменти не беа под моја контрола. Казнени сме со тие грешки,  но што е овде е“ – вели Мурињо.