„Имаме играчи кои не се „формирани производи“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед во неделата на големо изненадување е поразен од Вотфорд со резултат 3:1.

    Тимот од Олд Трафорд се наоѓа во резултатска криза и ова воедно беше трет по ред пораз во сите натпреварувања, а и самиот тренер Жозе Мурињо е свесен дека неговите избраници се далеку од посакуваната форма.

    „Свесен сум дека поедини играчи чувствуваат голем притисок и одговорност. Сезоната ја почнавме добро, но нормално тогаш не мислев дека сме спремни, совршени и непобедливи. Не сме перфектни и имаме играчи кои не се “формирани производи“. Нормално е дека можат да погрешат“, изјави Мурињо за британските медиуми.

    Мурињо, по обичај, за пораз ги обвинува судиите.

    „Судиските грешки во клучните моменти не беа во моја контрола и не можам ништо да направам по повод тоа. Казнети сме со тие грешки“.

    Црвените ѓаволи после неделниот пораз паднаа на седмата позиција и имаат шест бода помалку во однос на водечкиот Манчестер Сити.