Пораз и победа за Лина Ѓорческа


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Лина Ѓорческа имаше лош настап во сингл на турнирот во Сен Мало, Франција.

    Таа денес за противник ја имаше Заневска од Украина, а натпреварот го изгуби со 0-2 во сетови.

    Првиот сет беше интересен, но за жал заврши во корист на Украинката со 6:4, а во 2-от сет за Заневска немаше проблеми и таа го доби сетот со 6:0.

    Но нашата најдобра тенисерка, Ѓорческа успеа да слави во конкуренција на парови, откако по голема борба заедно со Марцинкевица успеаа да победат против Листер – Стојановиќ со 2-1 во сетови, 7:6, 4:6 и 11:9.